Македонија: Oхридското Езеро порибено со јагули

АД ЕСМ изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагули. Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула. Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем. Акцијата е дел од иницијативата за општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје. Од ЕСМ информираат дека јагулата е набавена согласно законските прописи, за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.