Македонија: Општина Битола додели милион денари за настраданите во земјотресот во Албанија

Општина Битола одлучи да додели 1 милион денари  помош на Албаниија, за настраданите во земјотресот кој се случи минатата недела, а најмногу го погоди градот Драч. Освен Општина Битола, и голем дел од останатите општини донираа финансиски средства, како и облека, храна и вода за настраданите во катастрофалниот земјотрес кој однесе 52 човечки животи, а над 700 лица беа повредени.