Македонија: Основана е Македонска конзервативна партија

Нова партија за која основачите тврдат дека е најдоброто за Македонија. „Поддржете го новиот бастион на македонската идеја, со пополнување на дигиталната анкета, со пополнување на образец за судска регистрација на Македонска конзервативна партија и доколку сте во можност со финансиска поддршка“, напиша еден од основачите на партијата Проф. д-р Љупчо Ристовски. Од партијата тврдат дека лидерскиот тим е проширен со вториот појас морални столбови, кредибилни ликови кои се потенцијалот на нацијата, потенцијал кој е новата политичка сила на Македонија.

Од пртијата планираат многу капитални инвестиции, меѓу кои и гасификација на целата територија на Македонија, а во социјалнта компонента нудат поддршка за чечење на тешки дијагнози во странство и еднократна привремена поткрепа на минусот на ФЗОМ , како и со ослободување на системот за влез на дополнителни приватни осигурителни друштва/ фондови.

Претседател и Соосновач на Институт за доблесна и вредносна политика ИНТЕГРА, Проф. д-р Љупчо Ристовски, е професор на Политички науки и Политички системи и Разрешување на конфликти и Регионална и меѓународна безбедност. Доктор по политички науки и Доктор по теологија со завршени докторски студии по теологија во САД, Дипломиран економист – економска политика и развој, 15 години институционална меморија на разни раководни позиции во Владата на Република Македонија во професионалниот дел на администрацијата, од кои 10 години државен советник за анализа на политики и координација. Автор на повеќе книги: Политичка визија – Вредносен модел на политички поредок, Тајната на просперитетните нации, Најдоброто за Македонија, Демистификација на догмата, Анализа за абортусот.