Македонија отвора врата за трговија со дијаманти

Во комисијата за европски прашања денеска ќе се расправа за Предлог-закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти. Станува збор за закон кој е дел од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и е со европско знаменце.

Предлагач е Владата а како претставници се јавуваат министерот за економија Бектеши и неговиот заменик Наумов. Со овој закон се yредуваат условите под кои може да се врши увоз, извоз и транзит на необработени дијаманти во Македонија, надлежностите на државните органи во контролата на увозот, извозот и транзитот, сертифицирање на необработените дијаманти во т.н процес Кимберли.

„Процесот Кимберли“ претставува меѓународна шема за сертифицирање со која се  регулира трговијата со необработени дијаманти. Воспоставена е во заедничка соработка со држави, невладини организации и претставници од индустријата со дијаманти заради спречувањe финанисрање на некои од најкрвавите конфликти и граѓански војни во Африка, преку експлоатација и трговија со необработените дијаманти, познати во меѓународната јавност како “конфликтни дијаманти – стои во предлог законот.