
Започнувајќи од 16.01.2022 година (00:00 ч.) Македонија повторно е класифицирана како област со висок ризик на инфекција со Ковид-19 од страна на сојузната влада на Германија, а врз основа на одлуката од страна на Роберт Кох Институтот.
Со тоа соодветно повторно се воведуваат дополнителни ограничувања/услови за влез во Германија:
Потребна е задолжителна електронска регистрација за влез во Германија за сите патници без оглед на восраста, вклучително и деца под 6 години на https://www.einreiseanmeldung.de/#/ и да ја носат со себе потврдата, испечатена или во електронска форма заради контрола од страна на превозникот и сојузната полиција.
Има обврска за 10 дневен карантин веднаш по влегувањето во земјата, што може да се заврши порано со поднесување негативен резултат од тест најрано после пет дена. Од обврската за карантин, се изземени лица кои се целосно вакцинирани со во Германија признатите вакцини или со доказ дека се опоравиле од инфекција. Резултатот од тестот, доказот за вакцинација или закрепнување мора да се достави до локалната канцеларија за јавно здравје со негово прикачување на крајот од пополнувањето на Дигиталната регистрација на влез. За лица под 6-годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.
Влезот од Република Македонија во Германија, освен за лицата со регулиран престој и работна виза во Германија, за каква било друга цел (вклучувајќи посети и туризам) е возможен само за целосно вакцинирани лица со во ЕУ/Германија признатите вакцини Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen /Johnson & Johnson, Spikevax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, а последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде најмалку 14 дена пред датумот на патување.
За лицата кои не се вакцинирани воопшто или не се соодветно вакцинирани со во Германија признатите вакцини, влегувањето од Република Македонија е можно само во исклучителни случаи и е условено со итна потреба, како што беше и претходно.
За вакцинирани лица: Доказ за целосна вакцинација Covid-19- на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик во дигитална или хартиена форма (на пр. Жолт сертификат за WHOV вакцинација). Вакцинацијата мора да е извршена со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих (Comirnaty/BioN¬Tech-Pfizer, Janssen, Spikevax/Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca, Nuvaxovid/Novavax). Последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена.
За оние кои се опоравиле од Ковид 19:Позитивен резултат на тест за PCR направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 6 месеци.
За оние кои се тестирале: Негативен резултат од тест со техника за засилување на нуклеинска киселина (на пр., PCR, PoC-PCR) на германски, англиски, француски, италијански или шпански, алтернативно, негативен резултат на брз антигенски тест на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик, не постар од 48 часа пред влегувањето.
Напомена: Лицата постари од 6-години при влез начелно мора да имаат негативен ковид-тест, доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид, без оглед на видот на транспортот и без разлика дали претходхо престојувале во област со висок ризик или со варијанта на вируси. Обврската за приложување на доказ во врска со Ковид важи и за патници, кои само транзитираат на некој аеродром во Германија. Ова важи и за не-шенген-транзит од т.е. во трети држави надвор од ЕУ како и за транзит од т.е. во државите на шенген зоната. Лица над 6 години кои примиле вакцина одобрена во Германија, и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 6-годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, иако самите деца не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација со признати вакцини можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави. https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252?fbclid=IwAR2Cj_m6XIf8za9pPczmJGbln3WiFHMxL1LUGrOhR4zgfUCVBfes6pnUEJQ
Согласно дополнителното појаснување од Сојузната полиција во врска со вакцинациските сертификати посочуваат дека Дигиталните сертификати за Covid-19 на ЕУ од Македонија по добивањето на третата доза со Pfizer BioNTech, Astra Zeneca, Modernа, НЕ покажуваат дека претходните две дози се направени со Sinofarm/Sinovac/Спутник, и дека е неопходно е да се контролираат и првите две дози и патниците да докажат дека се направени со Pfizer, Moderna, AstraZeneca. Во спротивно, оваа трета вакцинација со Pfizer или друга соосдветна вакцина треба да се смета за ПРВА доза и како нецелосна вакцинација. Тогаш патникот треба да биде одбиен од пријавување, доколку не може да се докаже друга императивна причина за патување заедно со негативен тест од страна на патникот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden