Македонија повторно ја совлада Бугарија

Македонската репрезентација до 19 години по втор пат ја победи Бугарија, денеска со 3:2 во пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Македонија поведе со 2:0 со головите на Никола Богдановски во 11. минута и Бојан Миовски во 17. минута, но противникот резултатски се врати во игра со два гола до крајот на првото полувреме. Атанас Кабов ги постигна головите за израмнување.

Фазлагиќ одлично ја исконтролира топката во противничкиот шеснетник. Од свртување го проигра Богдановски, кој од десетина метри со силен удар ја донесе нашата селекција во водство од 1-0. Шест минути подоцна Антовски одлично помина од левата страна, Миовски прекрасно се снајде со глава и биеше неодбарнливо во денсниот горен агол.

Јани Атанасов повторно како и на првиот натпревар го постигна одлучувачкиот погодок. Нашиот млад репрезентативец го постигна голот за 3:2 во 61. минута, а недостасуваше среќа истиот играч да се радува на ретко атрактивен погодок кога од 60-на метри упати удар кон противничкиот гол, бугарскиот чувар на мрежата беше совладан, но топката за неколку сантиметри мина крај голот. Пред два дена со голот на Јани Атанасов нашите репрезентативци славеа со 1:0 на воведната контролна пресметка.