Македонија: Промоција на биолошката разновидност на Преспа во Ресен

Промоција на биолошката разновидност на Преспа, како да се направи мониторинг и што и како треба да се заштити е целта на проектот „Дивата страна на Преспа“ што денеска беше промовиран во Ресен.

Преку промоција на биолошката разновидност, според координаторот на проектот Даниела Заец од Македонското еколошко друштво, сакаат да го привлечат и активираат локалното население и да го вклучат во нивните активности.

Сметаме дека без помош и поддршка на локалното население колку и да работиме неможеме да имаме вистински резултати, изјави Заец.

Херпетологот Драган Арсовски со кратки примери за желките и змиите на островот Голем Град ги запозна присутните.

Островот Голем Град е интересен за проучување, бидејќи е затворен систем за копнените животни. На него живее Хеманиева желка. Интересно е што во последните 10 години имаме забележано дека популацијата е доста специфична бидејќи има нерамномерен однос на полови во остравот или над 90 отсто се мажјаци, појасни Арсовски.

Во наредниот период Македонското еколошко друштво ќе има предавања за различни видови животни од Преспанскиот регион, цицачи, љиљани, рептили, птици. Активностите се дел од прекуграничниот проект меѓу Македонија, Албанија и Грција што се реализира преку мрежата Преспа нет.

Advertisement