Македонија: Реализирање на обука во летни услови на припадници на баталјонот на Воена Полиција

Во периодот од 09.07 до 01.08.2019 година, во центарот за обука на вода „Радожда“ се реализира обука во летни услови согласно годишниот план за обука за 2019 година со припадниците на баталјонот на Воена Полиција.

Основната цел на оваа обука е припадниците на бвп тимски да се оспособат, извежбаат и обучат во тактики и процедури при користење на техники и стилови на пливање, совладување на водени препреки, изведување на борбени дејствија во вода, давање на прва помош на давеник, скокови во вода, сигурност при работа во плитки и длабоки води, користење на пловни средства. Исто така се извежбуваат тактики, техники и процедури кои се применуваат при организирање и планирање во обезбедување на високи воени раководители на пловни средства и објекти на вода со прирачни и формациски средства.

Обуката во летни услови се реализира од страна на припадници на бвп, кои преку учество на курсеви и семинари во земјата и надвор од неа, се сертифицирани за ваков тип на обука. За време на обуката припадниците на бвп, демонстрираат високо ниво на обученост, професионализам, тимска работа и се стекнаа со потребниот степен на сигурност, самодоверба, квалификација при изведување на разни дејствија на различни водени површини.

Advertisement