Шест ракометни екипи од Македонија и странство од 14 до 17 август ќе бидат дел од 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.
На турнирот честа на македонскиот ракомет ќе ја бранат Еурофарм Работник, Бутел Скопје и домаќинот Струга, и странски тимови од Шведска, Србија и Грција.
Домаќините после една година кога организираа турнир со осум екипи ќе се вратат на стариот систем и турнирот ќе брои шест тима.
Три дена ќе се играат по два натпревари, а последниот на 17 август ќе се разигрува за титулата, мечот за третото место и натпреварот за петтата позиција.
Advertisement