Македонија со напредок на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок на најновата ФИФА ранг-листа. По победата над Косово во баражот за пласман на ЕП, како и по ремијата со Естонија и Грузија, македонската репрезентација напредуваше за едно место на рангирањето на ФИФА.

Благодарение на учинокот од претходната репрезентативна пауза, Македонија собра пет поени и скокна за едно место на листата и сега има вкупно 1365 бода. Покрај тоа што сме на 65-тото место на ФИФА листата, нашата репрезентација е на 33-то место кога станува збор за европските селекции.

На ФИФА ранг-листата пред нас се наоѓа Црна Гора, а под нас се најде Бугарија која има пад од шест месета. На врвот нема никакви промени, на чело и понатаму е Белгија, а зад нив се Франција, Бразил, Англија, Португалија, a Топ 10 ги заокружуваат уште Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.

Advertisement