Македонија: Сомнителната пациентка во Скопје нема коронавирус

Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје, по утврдениот прв пациент со овој вирус.

„И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19“, соопшти Министерството за здравство.

Претходно, ресорниот министер Венко Филипче изјави дека тестираната пациентка со сопругот била на патување во Рим, и имала симпотоми слични на грип. Првиниот тест бил парцијално позитивен што, според Филипче, можело да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се направило дополнително тестирање за да се отстранат сомнежите. Другиот тестиран пациент кај кој исто така резултатот е негативен е возач на камион кој патувал преку Италија.

Advertisement