
По иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, Македонија стана 103-та членка на GFCE – Global Forum on Cyber Expertise, во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата кибербезбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.
Владата на Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од кибернапади, киберкриминал, киберкултура и градење капацитети.
Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на кибертемата во Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите.
Кибербезбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Македонија е зајакнување на кибербезбедноста и киберотпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на кибербезбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади. Линк до секцијата на Македонија на веб-сајтот на GFCE: https://thegfce.org/member/north-macedonia/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden