Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ

Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ со што и формално ги започна подготовките за претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација  во 2023 година, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тројката покрај Македонија ја сочинуваат сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска.Како што истакна Османи, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ преку активната улога како дел од тројката, но и преку подготовка за претседавањето во 2023 годинаСо денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, се презема претседавањето со Групата на медитерански партнери- Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе се организира и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа се презема и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата.

Тој изрази уверување дека МНР, со поддршка и на останатите релеватни институции, има капацитет да одговори на предизвикот и да биде на висина на задачата и истакна дека во таа насока во буџетот за оваа година се предвидени околу 110 милиони денари односно околу 1,8 милиони евра. За годинава, дополни Османи, предвидено е да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамки на претседавачкото трио и водењето на групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финално преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.„Претседавањето со ОБСЕ за нас ќе претставува и внатрешен трансформативен процес од консумент стануваме креатор и контрибутор на политиките на светско ниво. Ваквата инверзија на улогите претставува нова можност за нашето внатрешно институционално и политичко созревање, но во исто време рака под рака со глобалната експонираност тоа претставува и можност за зајакнување на имиџот на државата преку афирмација на нашите вредности и визии“ , рече министерот кој истакна дека ОБСЕ е најголемата регионална безбедн

Advertisement