Македонија: Црквата Св. Софија во Охрид во 3Д модел (ВИДЕО)

Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија, за првпат е креиран 3Д модел на внатрешноста и надворешноста на црквата Света Софија во Охрид за да се подобри заштитата и конзервацијата на објектот. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските го изврши тим од американски експерти од CyArk компанијата. Податоците се документираат на три нивоа. Се користени беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања и фотографирања од земја се со цел целосно да биде документирано богатството на црквата – информира археологит Кејси Хадик.

„На црквата работиме една недела за да ја документираме во 3 Д технологија. Ќе се вратиме во Калифорнија каде што ќе продолжиме да го доработиме процесот околу еден месец, потоа моделот ќе го вратиме во Охрид како конзервиран проект“ – Кејси Хадик – археолог

Според планот проектот за Св.Софија ќе донесе сет производи за конзервација, висински орто слики и планови, кои ќе помогнат во управување и следење на состојбите со објектот. Добиените податоци ќе бидат искористени за да се изработат архитектонски цртежи, цртежи во размер и детални планови кои треба да им  помогнат на нашите експерти од министерството во евалуацијата на локалитетот и изработката на деталните планови за понатамошната реставрација на истиот. Собраните податоци ќе бидат архивирани и сочувани и достапни за генерациите кои доаѓаат.

„Црквата е неверојатна. Тука има толку многу историја. Го видов градот, музеите, езерото неверојатно е да си тука. Толку сум воодушевен од историјата и археолошките локалитети, прекрасно е “ –  Кејси Хадик-археолог, Црквата Св. Софија ја красат прекрасни фрески од 11,12, и 14 век и се едни од најубавите примероци на фреско сликарството од тие периоди.

Advertisement