Македонија: Вардар со лесен триумф над Пекинг ја почна одбраната на титулата во СЕХА

Вардар со лесна победа над Пекинг спортски универзитет ја почна новата сезона во СЕХА лигата, шампионот одигра рутински натпревар и победи со 37:23. Вардар победнички ја почна одбраната на титулата во СЕХА лигата, силата на шампионот ја почувствуваа Кинезите кои оваа сезона треба да бидат освежување во натпреварувањето.

„Црвено-црните“ одиграа толку колку што требаше, не се испотија многу за да дојдат до првите бодови. Дибиров и Скубе не беа ниту на клупата за резерви. Противникот беше идеален за Писонеро да им даде шанса на сите ракометари кои беа во составот. Димитриоски го одигра целиот меч на крило и беше одличен.
Вардар водеше во текот на целиот меч, ја имаше потполно контролата на резултатот, на полувремето замина со 19:11, а во вториот дел ја зголеми предноста за конечни 37:23.
По шест гола на мечот постигнаа Димитриоски, Атман и Шишкарев, Дисингер и Чупиќ реализираа по пет пати. Гебдан имаше 13 интервенции, Кизиќ четири. Следниот дуел на Вардар во СЕХА лигата е во сабота на гостински терен кај Мотор Запорожје
Advertisement