Македонија: Во Небрегово одбележан Денот на македонската азбука

 

Со промоција на книгата „Поглед во минатото“ од професорот Људмил Спасов, денеска во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово беше одбележан Денот на Македонскиот јазик. Конески е авторот современиот Македонски јазик, со неполни 23 години, тој ја составил и македонската азбука, која е прифатена од Народната влада на 5 мај, 1945, а учествувал и во создавањето на правописот кој е прифатен, два дена подоцна, на 7 мај 1945 година.

„Јас сега како наследник на неговите предмети, многу сакав и сега се чувствувам многу возбудено, овде во родната куќа на Конески, на духот на Конески да му покажам дека има книга од неговите предавања. Ние го одржуваме неговиот предмет и се надевам дека тоа ќе биде и во иднина“, истакна проф Људмил Спасов, автор на книгата.

Но, за жал денес имаме се помалку студенти кои сакаат да студираат Македонски јазик, што пак претставува проблем за негово зачувување. Требало да се реши вработувањето на студентите кои го завршуваат овој факултет.

„Пазаротна трудот е особено важен кај нас. Ние се надеваме дека успеваме некако тоа да го направиме, а сега останува да видиме ако овој проблем ќе го решат институциите во државава“, кажа Лидија Аризанкоска, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Од Институтот за македонски јазик велат е потребно да се посвети поголемо внимание на македонскито јазик во основните и средни училишта.

„Треба да се зголеми фондот на часови по македонски јазик, дури и да се одделат предметите македонскии јазик и литература, како што е во многу земји во светот“, изјави проф Елена Јованова Грујоска, директор на Институтот за македонски јазик.

Водичот на Спомен домот на Блаже Конески, Миле Спиркоски, бара родната куќа да Конески да стане составен дел на сите редовни екскурзии на основните и средни учиилишта и факултетите во Македонија.

„Влезницата е повеќе отколку симболична, а музејот во Прилеп покажува таква еластичност, да се изразам народски и делник и празник и викенд Куќата на Конески е отворена“, вели Миле Спирковски, водич во Спомен Домот на Конески. Засега посетата била мала, а од Музејот во Прилеп се надеваат дека Спомен домот на овој великан набрзо ќе го завземе местото кое го заслужува.

Advertisement