Tag Archives: македонски јазик

Универзитетот во Тирана ги известува сите студенти заинтересирани за изучување на македонскиот јазик

Универзитетот во Тирана ги известува сите студенти заинтересирани за изучување на македонскиот јазик ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање. Одлична можност за проширување на вашето ...

Read More »

Македонскиот влезе меѓу десетте светски јазици на Вселенската патријаршија

Вселенската патријаршија и годинава за Божиќ го објави посланието на патријархот Вартоломеј на македонски јазик. Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со ...

Read More »

Бесплатни курсеви по македонски јазик на Факултет за странски јазици во Тирана

Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје наскоро ќе започнат курсеви по македонски јазик во просториите на Факултет за странски јазици, како воннаставен предмет, односно предмет по избор,  објави Факултетот на официјалната веб страна. Се додава дека курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска во Вроцлав: Преку современата македонска книжевност и нашето Скопје се прилконува на плејадата современи книжевни метрополи

На плејадата современи книжевни метрополи, со творештвото посветено на него од македонските писатели и тоа и она што зборува со носталгичен тон, и она што се претвора во бунт, се приклонува и нашето Скопје. Тој книжевен град, истовремено, колку што станува наш, денес, толку станува и туѓ, светски, нечиј и сечиј Град. Така и оној постземјотресен град колку што ни донесе болки и таги, но и ...

Read More »

Возобновен интересот за македонистиката во Кина, САД, Кореја

Со учество на околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави, посветеници на македонскиот јазик, литература и култура неделава, во Охрид на 18 август ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, ...

Read More »

Совет на Европа: Медиумите во Србија да ја подигаат свеста за македонскиот јазик

Македонскиот е еден од јазиците на малцинствата во Србија според Европската повелба за регионални и малцински јазици. Во последниот извештај на Советот на Европа објавен денеска, се наведува дека македонскиот јазик во Србија се изучува како изборен предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во основното образование и тоа два часа неделно. Но, македонскиот јазик го нема во предучилишното ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Нови перспективи за македонистиката во Полска – македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо – да вложуваме во нејзиниот развој во годините што се пред нас

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, ...

Read More »

Половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз

Голем јубилеј за македонистиката и за македонската држава – половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз, Франција. Со него, пред 50 години почна натамошното засилено присуство на македонскиот јазик, литература и култура во наставата на странските високообразовни институции. Лекторатот на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз е првиот лекторат по македонски ...

Read More »

Едукативен изборен материјал во Албанија и на македонски јазик

Албанската централна изборна комисија, ЦИК, како што најави,  почна со печатење на едукативен изборен материјал и на македонски јазик. Денеска објави плакат со предупредување, поврзан, како што наведува, со тоа што значи изборен криминал. Под наслов изборен криминал- внимание се наведуваат пет дејствија кои претставуваат кривично дело за кои се предвидени затворски казни од три месеци до 8 години. Активната ...

Read More »