Македонија: Втора меѓународна уметничка колонија – „Трпејца 2019“

 

 

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца се одржува второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“.

Заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски, веќе три дена, творат и  Дражен Конатар од Бјело Поље, Црна Гора, Јовица Костиќ и Владисав Богичевиќ од Ниш, Србија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.

Колонија има и едукативен карактер. Утре уметниците ќе творат заедно со учениците од подрачното училиште „Св. Наум Охридски“во Трпејца.

Покровител на колонијата годинава е Општина Охрид.

Гостите уметници се сместени во Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид а организаторите изразуваат и благодарност до ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани кое ја помага колонијата со обезбедениот простор за работа на уметниците.