“Македоника” – најголемата бесплатна електронска библиотека на Балканот

Со понуда од над 1000 бесплатни, електронски книги и над 50,000 членови, makedonika.mk е најголемата, бесплатна, дигитална библиотека на Балканот. Основана во 2013, оваа интернет-платформа нуди неограничен пристап до македонска литература, каде и да сте во светот. Идејниот творец на фондацијата “Македоника” е Зоран Спасов, кој како мигрант во Канада, се соочил со недостиг од македонска литература во странство. Австралиските корисници на оваа платформа за македонски книги, се на второ место по бројност меѓу сите нејзини членови надвор од Македонија. Успехот на “Македоника” го поттикна создавањето на уште еден проект – првата дигитална книжарница за книги на македонски јазик, апликацијата “Книготека”, којашто беше промовирана неодамна во Скопје.