Македонска Алијанса го поздравува извештајот за Македонците во Бугарија  од Комесарот за човекови права на Совет на Европа

После ланскиот Извештај на Германскиот Парламентарец Франк Швабе и Унгарскиот Золт Немет, кои, како членови на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, останаа доследни на барањата за почитување на правото на Македонците во Бугарија, сега и четвртиот Комесар за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во својот Извештај го нотира истото. Бугарија не го регистрира „ОМО “Илинден”-Пирин“ и не ги извршува пресудите на Европскиот Суд за човекови права за признавање на Македонците од Пиринска Македонија кои мора да се вклучени во Рамковната Конвенција за заштита на националните малцинства. Ниту една организација за промоција на Македонскиот идентитет и култура во Бугарија не може да се регистрира, со образложение на Бугарските власти дека „не постои Македонски етнос“.

Извештајот на Комесарката Мијатовиќ е уште една во низата документи кои ја потврдуваат официјалната негаторска политика на Бугарија кон Македонија и Македонскиот идентитет. Не го признаваат постоењето на Македонците во Пиринска Македонија, а Бугарските националисти и иреденти бараат признавање Бугарско малцинство во Албанија, во обид да ги побугарчат нашите браќа и сестри кои живеат таму. Тешка хипокризија!

Дај Боже пандемијата со „Корона“ вирусот да заврши побрзо и со најмали можни последици по здравјето и економијата! Владејачката гарнитура ќе има обврска да објасни со што Бугарија ќе ги спречува преговорите на Македонија со ЕУ? Ќе треба да ја потврди или негира неофицијалната информација дека Бугарија во последен момент доставила список на уцени како дополнување на Заклучоците на Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за препораката за почеток на преговори со Македонија и Албанија?

Македонската Алијанса упорно тврди дека Бугарија, без разлика кој е на власт, никогаш нема да ја напушти идиотската теза дека Македонската Држава, нација, историја и култура се вештачка творба на Тито после 1944. На таа линија е Декларацијата која ја усвои Бугарскиот Парламент. Ние немаме никаква полза од Договорот за добрососедски односи со Бугарија, кој е едностран и штетен. Македонското Собрание за да ја одбрани Македонската нација мора еднострано да го раскине, согласно член 13, точка 3 од истиот. – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.