Македонска алијанса за европска интеграција на парламантарните избори ќе биде во колиција со социјалистите

Македонска алијанса за европска интеграција, партија на Македонците во Албанија, на парламантарните избори кои ке се одржат на 25 април ке биде во коализија со владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама. Лидерот на МАЕИ и актуелен пратеник, Васил Стерјовски, ќе се трка за нов пратенички мандат во албанското Собрание. Стерјовски се наоѓа на кандидатската листа на владејачката Социјалистика партија, со што МАЕИ со која социјалистите настапуваат заедно на овие избори, во изборната единица во округот Корча.

Лидерот на македонската партија Васил Стерјовски во албанскиот парламент влезе во мај 2019 година и во оценките на активноста на пратениците е еден од најактивните. Албанските медиуми оценуваат дека Стерјовски во досгашната активност како пратеник дава голем придонес во заштитата на правата на македонското национално малцинство во Албанија но и развојот на регионите каде што живеат Македонци, посебно во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник.