Македонска алијанса за европска интеграција поднесе барање за регистрација за локални избори во Албанија

Централната изборна комисија соопшти дека почна со подготовките за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај 2023 година кога политичките партии ќе се тркаат за градоначалничките места. Mеѓу партиите кои што ќе се борат за избор на градоначалници ќе биде и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Централната изборна комисија утре 08.03.2023 година, во 11 часот, ќе одржи состанок и ќе одлучи за барањето за регистрација на МАЕИ да учествува на локалните избори. – стои во соопштенито на Централна изборна комисија.