Македонска алијанса за европска интеграција со повик до Македонците од Албанија, кои живеат надвор од државата да се регистрираат за гласање на изборите и да го поддржат македонскиот глас

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Ве повикува сите Вас кои живеете надвор од границите на Албанија да го искористите своето право на глас и да го поддржите македонскиот глас во Албанија.

На 11 мај 2025 година ќе се одржат парламентарните избори во Албанија, а за првпат имате можност да гласате од странство преку пошта.

Процесот на регистрација за гласање е веќе отворен и се врши преку Националната платформа на Централната изборна комисија (ДИК).

Како да се регистрирате?

Регистрацијата ќе се врши преку апликацијата на ДИК:

https://apps.apple.com/…/komisioni-qendror…/id6448755948 ;

https://play.google.com/store/apps/details

или https://kqz.gov.al

ДИК ја бара следнава документација за регистрација:

– Албанска лична карта или пасош;

– Неопходна документација за потврда на адресата во држата која живее, која треба да го содржи името на гласачот исто како во идентификацискиот документ за регистрација во изборниот список (доволно е само еден од следниве документи):

– Документ за сопственост или потврда издадена од државата на престојот кој ја докажува сопственоста на станот;

– Документ кој го докажува престојот во странска држава;

– Договор за наем или користење на станот;

– Банкарски документ/и (договор за кредит, банкарска потврда итн.) со адреса на живеење;

– Договор или сметка за снабдување со вода во станот;

– Договор или сметка за снабдување со електрична енергија во станот;

– Договор или сметка за дигитални аудиовизуелни услуги;

– Договор или сметка за интернет/фиксна телефонија во станот;

– Возачка дозвола доколку е наведена адресата на живеење;

– Документ издаден од надлежен орган на државата на живеење кој потврдува престој на гласачот во здравствена установа, миграциски центар или друга слична институција;

Секој друг документ издаден во странска држава кој го потврдува престојот на албанскиот државјанин на самоизјавената адреса надвор од земјата.

За регистрацијата ви е потребен електронски уред (паметен телефон, лаптоп, компјутер со предна камера) за верификација преку фотографирање на лицето за регистрација и скенирање (фотографирање) на идентификацискиот документ и другиот документ за потврда на адресата.

Зошто е важно вашето учество?

Вашиот глас е клучен за зајакнување на македонската заедница во Албанија и за поддршка на политичката програма на МАЕИ, која се залага за заштита на македонскиот идентитет, култура и права. Со секој ваш глас, ја осигуруваме иднината на Македонците во Албанија и го продолжуваме нашето заедничко патување кон европска интеграција.

Не дозволувајте вашиот глас да остане нечуен! Регистрирајте се и гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција – вашата сила за посветла иднина! – стои во соопштението на Македонска алијанса за европска интеграција.