Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам 

Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и Ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства, стои во честитката на лидер на Македонска алијанса за европска интеграција .

Advertisement