
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) му упати честитка на г. Нико Пелеши по повод неговиот избор на високата функција претседател наСобранието на Република Албанија.
Во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се нагласува дека овој избор претставува голема доверба што претставниците на албанските граѓани му ја дале на Пелеши, како потврда за неговата посветеност во служба на демократијата и јакнењето на државните институции.
„Убедени сме дека под Ваше раководство, Собранието на Албанија ќе продолжи да биде отворена, претставничка институција и гарант на правата на сите граѓани, без разлика на етничка припадност или вера,“ се вели во честитката на МАЕИ.

Партијата на Македонците во Албанија нагласува дека македонската заедница, како рамноправна и историскa дел од албанското општество, со надеж очекува за време на мандатот на Пелеши да се зајакне почитувањето на правата на националните малцинства и нивното вклучување во процесите на одлучување, во духот на европските стандарди и интеграцијата на земјата во Европската унија.
На крајот, Македонска алијанса за европска интеграција му посакува на г. Пелеши здравје, успех и сила во вршењето на неговата значајна функција, со уверување дека неговата работа ќе придонесе за зајакнување на демократијата и развојот на Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden