Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка до албанските граѓани по повод Денот на независноста и Денот на ослободувањето

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија упати честитка до сите албански граѓани по повод 28 Ноември – Денот на независноста и 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија.
“За нас, како македонска заедница во Албанија и како политичка сила која го претставува нејзиниот глас, овие празници претставуваат можност повторно да ја потврдиме нашата заедничка верба во демократските вредности, општествената кохезија и взаемната почит меѓу сите заедници што живеат во земјата, стои во честитката.
Се додава дека “иднината на Албанија се гради само преку единство, рамноправност и соработка”.
“Нека овие значајни датуми ни служат како инспирација да продолжиме со градењето на поправедно, поинтегрирано и поуспешно општество за сите граѓани на Албанија, без разлика на етничката припадност, јазикот или верската определба. Да работиме заедно за посветла иднина, во која почитта, развојот и солидарноста ќе бидат вредностите што нè водат, се наведува во честитката на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).