Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам 

Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Македонска алијанса за европска интеграција. На сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам, со искрени желби за добро здравје, семејна радост, духовен мир и благосостојба. Нека деновите на празнување бидат исполнети со меѓусебна почит, солидарност и споделена радост со најблиските. Овој свет празник нe потсетува на важноста од заедништво меѓу сите граѓани, без разлика на верска или етничка припадност. – стои во честитката на Македонска алијанса за европска интеграција.