Македонска делегација на посета на Македонската заедница во Пакистан

Македонска делегација престојува во повеќедневна посета на Македонската заедница во Хунза во пријателски Пакистан. Во состав на македонската делегација се: Ѓорѓија Џорџ Атанасовски претседател на Македонскиот Светски Конгрес од САД, истовремено и почесен претседател на Светскиот Македонски Конгрес; македонскиот музички виртуоз Горан Алачки; и претседателката на Одборот за Македонците во Хунза – Пакистан, Марина Дојчиновска.

Македонската делегација ги продлабочува традиционални односи со Македонската заедница во Пакистан во областа Хунза, кои се наследници на македонските фаланги на Александар Трети Македонски во тој дел на светот. Македонската делегација оствари средба со принцот Херјар Кан, кој има статус на гувернер на провинцијата Хунза и со Ирфан Керим, претседател на Светскиот Македонски Конгрес – Пакистан.

Горан Алачки со својата хармоника организира богата културно-уметничка програма со стари македонски ора и песни од Македонија за Македонците во Хунза.

Advertisement