Македонска Ера Трета донираше училишен инвентар за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во Пустец 

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи беше во посета на Македонците во Мала Преспа во Општина Пустец. Целта на посетата беше реализација на донација за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во село Пустец во форма на училишен инвентар.

Претседателот на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листа Горан Тасковски заедно со делегацијата беа пречекани од страна на директорот и наставниот кадар на училиштето.

Делегацијата беше информирана од страна на директорот за моменталната состојба во училиштето и начинот на реализација на наставниот процес и за квалитетот на литературата на македонски јазик која се користи од страна на македонските деца во рамките на наставната програма.

Во рамките на посетата делегацијата беше пречекана од страна на духониот столб и водач на Македонците, Отец Алекса во црквата Св. Архангел Михаил, која е симбол на македонскиот корен и опстанок на Македонците во Општина Пустец, информираат од Македонска Ера Трета.

Претседателот Тасковски реализираше средба со претставници на политичката партија на Македонците во Албанија – Македонска Алијанса за Европска Интеграција, истовремено беше организирана поширока средба со повеќе Македонци од Мала Преспа, со кои беше направена стратегија за темелна широка идна соработка со Македонците во Албанија од Мала Преспа, Голо Брдо и секаде каде што има Македонци.

Од страна на Претседателот Тасковски Македонците од Мала Преспа беа информирана дека Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи има разработено конкретна стратегија за вклучување на Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Егеј, Пирин и насекаде низ светот, директно во системот за одлучување и раководење со Република Македонија.

„Тасковски во рамките на посетата се заддржа на појавата на насилното, асимилаторско делување од страна на Бугарија врз Македонците во Албанија, каде што ниту Албанија, ниту македонската влада или било која парламентарна политичка структура не реагира на ваквиот терор врз Македонците, што е голем срам особено за сите политички претставици во македонскиот парламент и целиот македонски народ.

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи им понуди конкретна соработа и стратегија на Македонците во Албанија за справување со ваквата појава од страна на Бугарија, со што на фронтален начин би застанеле заедно на патот за одбрана на македонските народни и национални интереси без условно“ веалат од Македонска Ера Трета.

Во тој контекст Македонците од Мала Преспа изразија голема благодарност за посетата, дадената поддршка и понудата за заедничкото делување за одбрана на Македонците и македонскиот корен, култура, вера, јазик, идентитет, бидејќи досега биле оставени сами да се борат против ваквите геноцидни појави.

Претседателот Горан Тасковски во однос на развојот на македонската култура, оро и песна во Мала Преспа предложи да се оддржи ФОЛК ФЕСТ ГОРИЦА, кој би се претворил во традиција во рамките на промоцијата на македонштината во Албанија.

Advertisement