Македонска фолклорна група од Преспа настапи пред учесниците во Самитот на Берлинскиот процес во Тирана (ВИДЕО)

Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процеs. Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии.

На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската Унија (ЕУ), земјите од ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан, а фокусот на Самитот е на повеќе прашања поврзани за интеграција на регионот во единствениот пазар, процесот на европска интеграција, регионалната соработка, поддршката на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан и други прашања.

Македонската фолклорна група од областа Преспа, настапи пред учесниците на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Логистичка подршка за настап на фолклорната група даде општина Пустец, додека групата ја предводеше Лази Cтојани, одговорен за културата во општина Пустец.

https://www.facebook.com/vasil.sterjovski/videos/1977903082588986

 

Advertisement