Македонска конзервативна партија најостро ги осудува барањата содржани во декларацијата на бугарската влада

Македонска конзервативна партија најостро ги осудува барањата содржани во декларацијата на бугарската влада во кои се наведуваат услови и закани за блокадата на евроинтегративните процеси за Република Македонија. Со барањето да се отстрани квалификацијата ,,бугарски фашистички окупатор,, од сите текстови на споменици и спомен-плочи, на најексплицитен начин се негираат историските факти за минатото на Македонија и нејзиното учество во Народно ослободителната борба за време на Втората светска војна и негирање на жртвите кои се дадени при ослободувањето на македонската територија од сојузничките окупаторски сили.

Второто ,,непристојно,, барање, покрај останатите, со кое директно се задира во слободата и правата на македонскиот народ е барањето во документитете на ЕУ да не фигурира ,,македонскиот јазик,, туку ,,официјалниот јазик на Република Македонија,,.  На тој начин се задира во идентитетот на македонскиот народ, се негира македонската култура и на флагрантен начин се фалсификува историјата на македонскиот народ.

На прагот на третата декада на 21-от век, време е да престанат политиките на диктат од страна на официјална Софија, а владата на СДСМ да престане со погубните апизмент политики кои се основа за потхранување на екстремните позиции на соседите и дома. Ваквиот вазалски однос на владата на Македонија заснован на квинслишки елементи е ,,хранење на крокодили, надевајќи се дека нас последни ќе не изедат,, (Черчил).

Интегра Македонска конзервативна партија смета дека со овие барања повторно се преминува ,,црвената линија,, преку која македонскиот народ не може и не смее да премине. Најостро ги осудуваме влијанијата од страна на бугарските власти со цел директна уцена и блокада на патот на Република Македонија кон Европската Унија. Предлагаме ревидирање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија склучен 2017 година и принципиелно делување на Зедничката меѓувладина комисија за историски и образовни прашања.

Advertisement