Македонска вечер во Лондон

 

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска на 23 ноември во салата Стентон Сент Џон, Оксфорд, Лондон се одржа Македонска вечер. На Македонската вечер со монодрама за македонските работи настапи универзитетскиот професор Тихомир Стојановски од Театарот Скрб и утеха. Со забава и дружба Македонците во Лондон присуствуваа на прекрасна изведба. Присутните ги поздрави и им посака убава вечер претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска, Симо Поповски.

Advertisement