Македонска вечер во Париз

Вечерва во организација на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации Иналко во Париз и Амбасадата на Република  Македонија во Франција, се одржува македонска вечер, јавува дописникот на МИА од Париз. На настанот ќе се претстават студентите по македонски јазик од институтот, преку читање поезија и проза на македонски јазик и преку музичка изведба на македонски народни песни. На програмата се стихови од Ацо Шопов, Блаже Конески, Влада Урошевиќ, Никола Маџиров, Николина Андова­ Шопова. Во организацијата и во подготовката на програмата за настанот, кој ќе се одржа во просториите на Амбасадата во Париз, освен студентите­ македонисти, се вклучени и шефот на катедрата за македонски јазик  Фроса Пејоска ­Бушро, потоа Александра Николоска­ Сондермајер, предавач на институтот, како и в.д. амбасадор на Република  Македонија во Франција, Габриел Атанасов.

Advertisement