Македонска винарница „Тиквеш“ купи винарница во Франција

На годинешниот настан посветен на младото вино, претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар
Јаневски, соопшти дека „Тиквеш“ ја финализираше процедурата за аквизиција на француската винарница Chateau de Gourdon во областа Cote Du Rhone.

„Ваквиот исклучително значаен чекор е дел од развојната стратегија на најголемата македонска винарница за
очекува да почне со производство од следната година зацврстување на нејзината меѓународната позиција како производител на врвни вина“, рече Јаневски

Традицијата на винарството во Македонија и Тиквешијата е вековна. Уште од времињата на Римската Империја е запишано дека во Македонија се создаваат чудесно моќни вина со мирис на југот, вкус на песната и насмевките на луѓето што живеат на овие простори. Во создавањето на таа долга винска традиција во нашата земја, а особено во тиквешкиот регион, вклучени се безброј вредни и вешти лозари и винари од минатото и од сегашноста.

Голем удел во создавањето, негувањето и промоцијата на таа традиција во земјата и ширум светот, ѝ припаѓа токму на винарската визба „Тиквеш“. Врвните вина кои се резултат на совршениот спој на земјата, небото, сонцето, најдоброто грозје од тиквешкиот регион и најсовремената технологија и знаење на винските мајстори, гордо му припаѓаат на „Тиквеш“ и Тиквешкиот регион, кој уште од 1885 година е симболот на вековната винска традиција во Македонија.

 

Advertisement