Македонската Алијанса го поздравува иохрабрува учеството на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на Евроизборите

Македонската Алијанса го поздравува, охрабрува и целосно подржува учеството на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на Евроизборите. Ова е прв чекор кон рушењето на заблудите на домашните предавници дека на нашите браќа и сестри во Егејска Македонија им е скршен духот и дека ја прифатиле асимилаторската и угнетувачка политика на Грчките власти. Нивната порака е исклучително силна и го покажува непокорот на Македонската нација!

Уште на 3-от Конгрес на „Виножито“ кој се одржа лани во Горно Врбени – Леринско се реафирмираа фундаменталните заложби на политичкото движење во Егејска Македонија. Се повеќе млади Македонци изразуваат интерес и се вклучуваат во партиските органи е шлаканица за домашните изроди кои треба да се соочат со реалноста дека Македонскиот народ никогаш нема да дозволи да биде обезличен и да му се избрише идентитетот. „Виножито“ храбро се бори за Грчките националисти да го напуштат средновековниот иредентизам и да го признаат постоењето на Македонскиот народ и јазик, да овозможат настава на Македонски јазик во нивниот образовен систем. Грчките власти мора да го почитуват решението на Судот за човекови права во Стразбур и да дозволат непречено функционирање на Домот на културата во Лерин. – стои во соопштенито потпишано од Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, претседател на Македонската Алијанса.

Advertisement