Македонската Алијанса: Во Албанија нема Бугари, Туку Македонци

 

Изгласувањето на овој Закон со меѓупартиски консензус во Албанскиот парламент, сериозно наговестува дека некои работи кај нашиот сосед воопшто не се во ред, тргнувајќи од фактот дека до пред краток временски период ваквите измени на Законот не му беа никому во план. Притисокот кој надвисна врз државниот врв на Република Албанија поврзан со дополнување на Зкаонот со Бугарското малцинство, а условено со влезот во ЕУ на државата, очигледно создаде атмосфера Законот како таков да помине во Парламентот. Првенствено признавањето на непостоечко малцинство во една држава, како што е Бугарското во Албанија, претставува целосно препишување на историјата со лаги и невистини кои одат во прилог само на Бугарската кауза. 


Квази национализмот на Бугарите достигна степен од кој повеќе враќање нема. Грубото искривување на вистината ќе ги запише во историјата како народ кој сеуште се однесува агресорски, карактеристика која не е соодветна за земја членка на Европската Унија. Можеби, Албанската држава е помалку несвесна за сериозните последици кои можат да следат, како по останатите малцинства, така и по нивната држава.
Драги соседи, послушајте ја оваа порака во името на сите Македонци низ целиот Свет. Да не ви дојде на памет да го негирате постоењето на Македонското малцинство во Албанија кое со векови остварува мирољубив соживот со останатото население и покрај тоа што му беше одземено елементарното право да се декларира како Македонец.

Оваа беше голема борба за Македонското население во Албанија, па затоа, Македонската Алијанса нема да дозволи од одредени каприци некој тоа да го оспори и истиот процес да го врати на самиот почеток. Изразуваме голема поддршка на Македонците во Албанија! Нека ни се вечни Името и Татковината – стои во соопштението потпишана од  претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Advertisement