Македонската Амбасада во Тирана отвори наменска Facebook страна

По тој повод, македонсиот Амбасадор во Тирана, д-р Дaнчо Марковски се обрати до сите заинтересирани за ангажманот на Македонската Амбасада со зборовите:

„Драги пријатели,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Facebook страната на Амбасадата на Македонија во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа. Истовремено, страната ќе биде ваш hot spot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот. Јас и мојот тим ве покануваме на заедничко патување во светот на пријателството меѓу македонскиот и албанскиот народ. Искрено Ваш Амбасадор Д-р Дaнчо Марковски“.

https://www.facebook.com/MKembassyALB/

Advertisement