Македонската берзa обврзниците повторно во игра

 

Во класичното тргување на Македонската берза во вторникот најголем промет оствари обвзницата за денационализација од четиринаесеттата емисија каде преку девет трасакции се истргуваа 100.435 лотови по цена од 95 отсто од номиналната вредностСо акцијата на Макошпед преку аукција се истргуваа 82.106 лотови по цена од 157 денари по акција што значеше промет до 12,8 милиони денари.

На листата на најтргувани акции се најдоа и акциите на Гранит АД со 2,9 милиони денари и Скопски пазар со промет од 1 милион денари.Индексот МБИ-10 ја продолжува негативната серија и денот го заврши со пад од 0,25 отсто, и изнесуваше 2.298,90 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците порасна за 0,06 отсто и моментално изнесува 129,92 индексни поени.