Македонската одбојкарска репрезентација оствари првата победа на Европските првенства

Македонската одбојкарска репрезентација на крилјата на капитенот Никола Ѓорѓиев ја оствари првата победа на Европските првенства откако со 3-1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20)во сетови ја совлада Белорусија. Македонија се радува на историска победа на македонските одбојкари, совладана е Белорусија, посебно блескаше капитенот Никола Ѓорѓиев кој мечот го заврши со фантастични 35 поени. Првиот сет беше изедначен, репрезентациите се менуваа во водство на крајот Белорусија го доби со 25:23. Но, Спартанците не се предадоа, ја кренаа играта во вториот сет кој го добија убедливо со 25:19 и изедначија на 1-1. Неизвесно беше во третиот сет кој се играше на два разлика, Македонија го доби со 29:27, за водство од 2-1. Предноста како да им даде крилја на македонските одбојкари кои одиграа фантастично во четвртиот сет, го добија со 25:20 и радоста за историската победа можеше да почне. Ова е победа со посебна вредност која засекогаш ќе се памети како прва на Европските првенства. Капитенот Никола Ѓорѓиев беше брилијантен, имаше дури 35 поени, голем натпревар имаше и Љафтов со 16 поени. Со оваа победа Македонија освои три бода и се искачи на петтата позиција на табелата, зад нас е Белорусија.