Македонската Православна Црковна Општина Св.Наум Охридски од Виена, Австрија свечено го прослави својот патрон

Македонската Православна Црковна Општина „Свети Наум Охридски“ од Виена, Австрија, свечено го прослави својот патрон. Започна со Света Божествена Литургија на која присуствуваа голем број на верници. По Литургијата, според традицијата, во црквената салата за манифестации, се „кршеја“ погачите од кумовите, Дивјакоски Стеван и Стојанка и Кајмакоски Павле и Ружа со семејствата, каде воедно се пријавија Наунчев Миланче и Вера, Даница Митреска и Тримоски Михаел со семејството кој и се избраа идните летни кумови за наредната 2018 година.

По изборот на новите кумови Отец Валентин го благослови и заедничкиот ручек кој беше дар на кумовите со семејствата – во слава и чест на нашиот патрон Свети Наум Охридски Чудотворец. На патронот присутен беше и амбасадорот на Република Македонија во Австрија, Василка Попоска Треневска. Воедно Томоска се заблагодари за успешната соработка која ја имавме изминатите години, а пак за возврад од членовите на ЖС при МПЦО доби поклон кој ќе и остане во сеќавање. По молитвите на светиот патрон наш Наум Охридски Чудотворец Господ, да не помилува и спаси и да ни дари долговечен мир, милост, здравје и спасение.

 

Advertisement