Македонската православна црква ­- ОА апелира на одговорно однесување и почитување на правниот поредок

­

 

Македонската православна црква ­- ОА денеска изрази загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување и одговорно однесување, а до одговорните лица и институции апел за почитување на правниот поредок. ­

Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква – ОА , на своето редовно годишно работно заседание одржано на 16 мај 2017 година во просториите на Македонската архиепископија, ја изразува својата сериозна загриженост за состојбите во државата и повторно упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за смирување и надминување на состојбата преку меѓусебно помирување и одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање, се вели во соопштението од Македонската православна црква ­- ОА.

Архиепископскиот управен одбор (АУО) на Македонската православна црква ­- ОА , ги повикува сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот.