Македонската ракометна репрезентација пропушти да се пласира на Европското првенство 27:27 со Украина

Македонската ракометна репрезентација пропушти вечерва да се пласира на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Хрватска. Македонија во Украина ремизираше со домаќинот 27:27. Македонските ракометари ја испуштија можноста на коло до крајот да избори пласман на ЕП. Македонија одигра добро прво полувреме во Украина, по кое имаше предност од 18:14, но со лошата игра во вториот дел им дозволи на Украинците да изборат реми и да ја продолжат неизвесноста во групата.

Во пресрет на последното коло во Групата 4 лидер е Чешка со 6, Македонија и Украина имаат по 5, а Исланд 4 бодови. Македонските ракометари бавно влегоа во натпреварот, што му овозможи на домаќинот да оставри два гола предност 3:1 во петтата минута.Сепак поставата на Раул Гонзалес со Кире Лазаров и Митков на десната страна во одбраната и нападот даде резултат и со серија од три гола Македонија го имаше првото водство на мечот 3:4.

Следуваше период на играта во кој двете селекции наизменично постигнуваа голови, а Украина во последните десет минути од првиот дел влезе со предност 12:10.До крајот на полувремето следуваше период на најдобриот период во игра на Македонија, со серијата шест гола предноста на изнесуваше четири гола 12:16, а на полувреме беше 14:18.Моментумот од финишот на првиот дел играчите на Раул Гонзалес го задржаа и во вториот дел, но само во почетните пет минути, кога ја достигнаа најголемата предност од пет гола 16:21.

Украина одговори со четири гола во низа мза 20:21 во 38 минута, кој Македонија го одби со три гола за 21:24, но тешко ја одржуваше предноста поради лошата игра во двата правци и голманот Чуприна, кој во второто полувреме имаше десет интервенции. Понуденита шанса Украинците максимално ја искористија и со голот на Денисов во последната минута израмнија на 27:27.

 

 

Advertisement