Момците на Раул Гонзалез беа фокусирани во текот на целиот меч, одиграа речиси без пад, функционираа сите позиции во нападот, а на голот одлична партија имаше Борко Ристовски. Добро го почнавме мечот, поведовме со 3-1, но Јапонија со серија од 3-0 го превзема водството. Сепак следуваше фантастичен период на нашата селекција со серија од 7-1, за предност од 10-5. Водството од пет голови разлика го одржувавме до одморот, на полувремето се замина со 18:13.
Во второто полувреме ја одржувавме предност во најголемиот дел, а во финишот тотално го разбивме противникот за конечна победа од 38:29. Борко Ристовски имаше фантастична партија со 20 интервенции. Најмногу голови постигна Кире Лазаров осум, четири од нив беа од пенал, Манасков даде седум, Стоилов шест, по четири пати реализираа Пешевски и Кузмановски. Во второто коло Македонија игра против Бахреин, тој меч се игра во недела со почеток од 14 часот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
