Македонски автобус изгоре на автопат во Бугарија, од 52 патници само седуммина преживеаја

Несреќа каква што не памети Македонија, а ни Европа во последното десетлетие. Патнички автобус со македонска регистрација се запали на автопатот Струма кај селото Бошнек во близина на Перник во Бугарија, на враќање од Турција. Починати се 46 лица, а меѓу нив има 12 деца. Преживеани се 7 мина, кои се хоспитализирани во клиниката ,,Пирогов,, во Софија.

Advertisement