Познатиот бизнимен во Италија по потекло од дебарскиот крај, Мунир Шемси,по повод Светиот месец Рамазан денеска донираше пакети со прехрамбени артикли и средства за одржување хигиена. Помошта ја примија градоначалниците на Дебар,Хекуран Дука, на Центар Жупа, Аријан Ибраим и на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски,кои искажаа голема благодарност за донаторот. Станува збор за 750 пакети наменети за семејства од социјално ранлива категорија и тоа во општина Дебар 450 и по 150 пакети во останатите две општини.
Во Италија, во градот Венето,живеат веќе 28 години, но никогаш не ги заборавив моето родно Коџаџик, општина Центар Жупа и целиот поширок дебарски регион. Секогаш сум со мислите во овој крај и спомените ги чувам и негувам како посебна светост. Сакав барем малку овие семејства да ги израдувам за Месецот на постот Рамазан и да ја вратам насмевкаката на нивните лица,ни рече во телефонскиот разговор Шемси. Тој е познат и по тоа што го купи Велигденското чоколадно јајце на лицитација во Венето по повод католичниот велигден за 30.000 евра кои беа наменети за справување со пандемијата со Ковид-19 во овој еден од најпогодени италијански региони.
Минатиот месец донира и 30.000 евра во македонското министерството за внатрешни работи наменети за справување со пандемијата, за која лично Министерот Наќе Чулев му се заблагодари преку Скајп комуникација. Шемси додава дека секогаш е подготвен да и помогне на неговата матична земја, Македонија и нејзина промоција надвор од границите.