Македонски јазик изборен предмет во ООУ „Јован Стерија Поповиќ“ во Вршац

Здружението на Македонците „Вардар Вршац“ објави дека, од септември, македонскиот јазик со елементи на националната култура, покрај основното училиште Моше Пијаде во Гудурица, ќе се изучува и во основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Вршац. Ги покануваме сите заинтересирани родители да ги запишат своите деца. За помош и повеќе информации, контактирајте го Здружението „Вардар Вршац“ или пополнете прашалник во вашето училиште. Колку повеќе јазици знаете, толку повеќе вредите, објави Здружението „Вардар Вршац“.

Воведувањето на мкедонскиот јазик како изборен јазик во 2017 година во училиштетот во Гудурица дојде како резултат на долгоогодишната добра соработка помеѓу Здружението на Македонците од Вршац и Националниот совет на Македонците во Србија. Во Гудурица, секоја година се зголемува интересот на учениците за овој предмет, што не изненадува, затоа што Македонците, после Србите, се најбројни во ова место. Македонскиот јазик се изучува како изборник во неколку други училишта во Војводина, во околината во Пландиште и Хајдушчица.

Advertisement