Македонски јазик во Америка во 1914 година

Светските архиви ги демантираат бугарските тврдења за непостоење на македонскиот јазик и нација пред 1944 година. Владината архива на весници на Соединетите Американски Држави сведочи за постоењето на македонскиот јазик во 1914 година во Америка. Градскиот совет на пенсилванискиот град Харизбург бара од весникот „Харизбург телеграф“ да објави Прокламација на три јазици, меѓу кои и македонскиот. Уште еден доказ дека фалширањето на историјата доаѓа од „братска“ Бугарија е и текстот во најпознатиот американски весник на сите времиња, „Њујорк тајмс“ на 26 мај 1903 година, во кој е објавено дека е убиен македонскиот лидер Гоце Делчев. Творец на веста е токму бугарски дописник за весникот од Софија.

Светските архиви ги демантираат бугарските тврдења за непостоење на македонскиот јазик и нација пред 1944 година. Владината архива на весници на Соединетите Американски Држави сведочи за постоењето на македонскиот јазик во 1914 година во Америка. Градскиот совет на пенсилванискиот град Харизбург бара од весникот „Харизбург телеграф“ да објави Прокламација на три јазици, меѓу кои и македонскиот.

Македонски јазик во 1914 во Америка! Шок за Бугарија и шамарчета за Живко – Божидарковци во двете земји! (Абер од Америка бр.2) Владината архива на весници од Америка, ни открива Прокламација од 05 мај 1914 година, страна 7, прва едиција од весникот „Харизбург телеграф“ (Харизбург, Пенсилванија) во близина на Филаделфија, објавена по одлука на градскиот Совет, со која се бара од весникот, прокламацијата да биде објавена на 3 јазици: англиски, славјански и македонски!!! Одлуката на Советот е базирана на барање на членови Македонци – советници, избрани од огромната македонска заедница која живеела во тој град и која зборувала на македонски јазик.

Уште еден доказ дека фалширањето на историјата доаѓа од „братска“ Бугарија е и текстот во најпознатиот американски весник на сите времиња, „Њујорк тајмс“, на 26 мај 1903 година, во кој е објавено дека е убиен македонскиот лидер Гоце Делчев. Творец на веста, објавена на страница два, што се смета за важна вест, е токму бугарски дописник за весникот од Софија. Во текстот на бугарскиот дописник Гоце Делчев се именува како Македонец и македонски лидер. Во веста се јавува дека Гоце Делчев со уште неколку придружници бил во селото Баница во близина на Серес, а бил предаден од грчки шпион. Големи трупи на турска војска го опколиле селото и сите членови на дружбата на Делчев биле убиени по долготрајна борба.

ДЕЛЧЕВ ИМАШЕ 32 ГОДИНИ И БИЛ ШКОЛСКИ УЧИТЕЛ КОЈ ЈА РАЗВИЛ ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ЗЕМЈАТА МАКЕДОНИЈА, ЈАВУВА БУГАРСКИОТ ДОПИСНИК НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“, ОД СОФИЈА, ВО МАЈ 1903 ГОД.

Архивата на реномираниот весник „Њујорк тајмс“ сведочи со над стотина натписи дека постоеле Македонци како нација, различни од бугарската, која имала и своја земја, за која се бореле Македонците. Како дополнување за постоење на македонската нација е и следната вест во истото издание, објавена веднаш под веста за убиството на Гоце Делчев, а во која се пишувало за убиство на 150 Македонци.

Повикувајќи се на наводно крадење на историјата од македонска страна, официјална Софија го блокираше носењето на Преговарачката рамка за земјава со ЕУ во декември минатата година и не дозволи почеток на преговорите на Македонија со Унијата. Покрај останатите барања, официјална Софија инсистира на тоа македонскиот јазик и нација влечат корени од бугарските и дека не постоеле пред 1944 година. Тврдат дека тие се творевина на Тито. За да ги поткрепат цврстите барања, властите во Софија се повикуваат и на Резолуцијата за Македонија, што сами си ја донесоа во Парламентот, и од која велат не може да има отстапки.

Источниот сосед длабоко го загрозува македонскиот идентитет и со одговорот на официјална Софија на понудениот Акциски план од македонска страна. Иако дипломатите првично информираа дека Акцискиот план што бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева му го предаде на специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, содржи иницијативи поврзани со инфраструктурата и образованието, претседателот на државата Стево Пендаровски потврди дека бугарските барањата околу македонскиот идентитет сепак се дел од одговорот на официјална Софија на понудениот Акциски план. Во меѓувреме Софија инванзивно ги презентира своите цврсти позиции во однос на овие барања, со што не сака да остави никаков простор за евентуално омекнување на ставовите. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов порача дека продолжуваат дебатите и преговорите меѓу Скопје и Софија, но Македонија треба да ги прилагоди своите политики и политичарите во земјава да го преиспитаат она што го прават. Каракачанов обвини дека македонските политичари бараат компромис, а кога тој ќе им биде понуден, се незаинтересирани. (В.С.Н.)