Македонски весник “Илинден” ви посакува Среќна Нова 2024

Почитувани читатели на Македонски весник “Илинден”, редакцијата на Македонски весник “Илинден”, Ви ја честита Новата 2024 година и ви посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена.

Почитувани, Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и електронско издание.

Идната 2024 година, ние ќе продолжиме според новинарските стандарди и етика да ве информираме навремено, објективно и од сите агли за најважните проблеми на Македонците во Република Албанија, настаните кои се случуваат во Албанија, татковината Македонија регионот и во светот.

Среќна Нова 2024 година ви посакува редакцијата на Македонски весник “Илинден”.

Advertisement