Македонски војници ќе бидат дел од мисијата на НАТО во Косово

Владата на Македонија ја разгледа и усвои информацијата за учество на земјата во мисијата на НАТО во Косово – КФОР и го задолжи Министерството за одбрана да ги преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР за распоредување единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.