Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков за избришаното македонско здружение: Тоа е „европската демократија“ во Бугарија

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков, реагира за одлуката на Окружниот суд во Благоевград за бришење од регистарот на „Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човечки права“ поради статутот што сугерира постоење етнички групи и содржи повик за „заштита на особеноста и зачувување на македонската етничка група, преку регистрирани средства – зачувување и заштита на македонската кауза“.

„Тоа е ‘европската демократија’ во Бугарија денес“, коментира на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Благоевград и еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“.  Заедно со објавата, Кирјаков постира фотографија на која е претседателот на здружението, инженер геодет Александар Мазнев (првиот од десно).

Advertisement